Денес, среда, 10 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Температурата во Битола до 28 степени.
Утре, четрток, 11 јуни, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град. Температурата во Битола до 31 степен.






