На 14.06.2026 во 02:40 часот во село Крклино, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.Т. од с. Света, демирхисарско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф” со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 14.06.2026 во 01:18 часот на ул. „Солунска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.М. од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.М., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.






