На 27.06.2026 во 23:12 часот на ул.б„Игњат Атанасовски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Т. (36) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т., при што констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.52 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.06.2026 во 21:30 часот полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Џ.Р.(33) и С.И.(33), двајцата од Битола бидејќи при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.06.2026 во СВР Битола е пријавено дека во нива во атар на с.Кукуречани, битолско, е пронајдена неексплодирана граната. Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за безбедно подигање на гранатата.






