Press "Enter" to skip to content

Д-р Лилјана Ристевска од Битола – нов претседател на Црвениот крст на Македонија

Црвениот крст на Македонија ја одржа Конститутивно-изборната седница на Собранието, со што официјално започна новиот четиригодишен мандат на највисокиот орган на организацијата.

На седницата присуствуваа новоизбраните делегати на Собранието, претставници на општинските организации на Црвениот крст, како и соработници на организацијата.Во согласност со Статутот на Црвениот крст беа верификувани мандатите на делегатите на Собранието и беа избрани органите и телата предвидени за новиот мандат.

Со одлука на Собранието, за претседател на Црвениот крст на Република Северна Македонија за новиот четиригодишен мандат е избрана д-р Лилјана Ристевска. За потпретседатели на организацијата се избрани Билјана Костова и Фатби Османи.

More from ВестиMore posts in Вести »