Денес, среда, 1 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за ходрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне можност за нестабилност. Температурата во Битола до 32 степени.
Утре, четврток, 2 јули, во Битола времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Температурата во Битола до 31 степен.






