Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец измамен од мајстор за плочки, приведување за закана на сопруга со огнено оружје

На 01.07.2026 во 13:50 часот во СВР Битола А.Д. (59) од Битола пријавил дека бил измамен од страна на лице кој бил мајстор за плочки, а со цел да му работи  во купатилото од неговиот стан при што истиот му дал 91.000 денари за набавка на материјали и до моментот на пријавување лицето избегнува контакт со пријавителот, за што истиот е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 01.07.2026 во 17:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 53 годишник од Битола бидејќи истиот со огнено оружје во семејниот дом се заканувал на неговата сопруга. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветен поднесок.                         

More from ВестиMore posts in Вести »