Општина Новаци продолжува со унапредување на комуналните услуги преку модернизација на механизацијата на ЈП „Комунална хигиена“ – Новаци.
Со поддршка од Министерството за животна средина, набавен е нов специјален камион-подигнувач за собирање и транспорт на комунален отпад, кој ќе овозможи побрзо, поефикасно и поквалитетно извршување на секојдневните активности.
Општина Новаци продолжува да инвестираме во современа комунална опрема, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сите наши граѓани.






