Press "Enter" to skip to content

Еразмус+ проектот за климатската адаптација поддржан со вештачка интелигенција

Во рамките на Еразмус+ проектот „Зајакнување на климатската адаптација на локалните самоуправи преку градење дигитални капацитети поддржани со вештачка интелигенција“, каде Karadeniz Technical University од Трабзон, Турција е главен координатор, а Факултетот за биотехнички науки – Битола при УКЛО е партнерска институција, на 30 јуни 2026 во Битола успешно се одржа првиот конзорциумски состанок на кој партнерите ги разгледаа досегашните резултати, ги координираа претстојните активности и договорија понатамошни чекори за успешна реализација на проектот.

Проектниот тим на Факултетот за биотехнички науки – Битола составен од доц. д-р Викторија Стојковски, асс. м-р Даниел Симакоски и локалниот координатор, проф. д-р Дијана Блажековиќ – Димовска, со членови на тимот од партнерските институции од Турција, Грција и Романија, во рамки на работните активности на Еразмус+ проектот остварија и официјална средба со ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола,проф, д-р Игор Неделковски.

Информирано е дека проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на локалните самоуправи за справување со климатските предизвици преку примена на современи дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција. Во овој контекст, за време на состанокот истакната е клучната улога на меѓународната соработка, размената на знаења и развојот на иновативни пристапи, како основа за создавање поотпорни и поодржливи локални заедници.

Инаку, конзорциумот ја потврди својата посветеност кон успешно спроведување на проектните активности и постигнување на резултати кои ќе обезбедат долгорочни придобивки за локалните самоуправи и пошироката заедница.