На 07.07.2026 во 23:10 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лиши од слобода 32 годишно лице од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.07.2026 во 18:30 часот на ул. „Прилепска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 33 годишник од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.07.2026 во 18:50 часот на бул. „ 1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.Р. (41) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од Е.Р., при што констатирано било дека истиот го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.07.2026 во 20:25 часот на ул. „Виенска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 15-годишен малолетник од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетникот, при што констатирано било дека истиот го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.07.2026 во 21:10 часот на ул. „Гоце Делчев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 16- годишен малолетник од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетникот, при што констатирано било дека истиот го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.07.2026 во 22:20 часот на ул. „Прилепска“ во Битола полициски службеници го лишија од слобода П.Ц.(18) од Битола . При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од П.Ц., при што констатирано било дека истиот го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






