Се асфалтира улицaта „Леринска“ и крак од улицата „Христо Узунов“ како дел од проектот за реконструкција на улиците, каде претходно беше изведена мешовита ( фекална и атмосферска) канализација и приклучоци за куќите. Денеска увид во градежните работи изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.
Вкупната должина е околу 206 метри, со дебелина на асфалтот од 7 см. Сумата за реконструкција на коловозот изнесува 4.004.100 денари, а за изведбата на канализацијата 2.872.960 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Битола.

Се асфалтира улицата “Леринска“ во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
- Денес е Митровденска задушница, “мртва сабота“, спомен за починатите
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 15 степени





