Се асфалтира улицaта „Леринска“ и крак од улицата „Христо Узунов“ како дел од проектот за реконструкција на улиците, каде претходно беше изведена мешовита ( фекална и атмосферска) канализација и приклучоци за куќите. Денеска увид во градежните работи изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.
Вкупната должина е околу 206 метри, со дебелина на асфалтот од 7 см. Сумата за реконструкција на коловозот изнесува 4.004.100 денари, а за изведбата на канализацијата 2.872.960 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Битола.

Се асфалтира улицата “Леринска“ во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: син нападнал татко, пронајдена стара граната
- Јован Дојчиновски – сопственик на “АБЦ Дојчиновски“: подготвени влегуваме во оваа грејна сезона со потребните количини пелети
- Во Битола промеливо облачно, температурата до 16 степени
- “КС Групација“ ја реализираше 19-тата крводарителска акција во Битола
- Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на “ауди“





