Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на Битола. Во рамки на посетата, премиерот најпрво ќе ја обиколи фабриката „Кромберг и Шуберт“, а потоа ќе изврши увид во тековните градежни работи за реконструкција на новата училишна зграда на Основното училиште “Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади.
Според прес-служба од кабинетот на премиерот посетата на фабриката е закажана за 12 часот, додека еден час подоцна Мицкоски ќе ја посети локацијата каде се реализира реконструкцијата на училиштето.
По завршувањето на посетите, предвидено е премиерот да даде изјава за медиумите.






