Press "Enter" to skip to content

Премиерот Христијан Мицкоски во работна посета на фабриката “Кромберг и Шуберт“ во Битола (фото)

“Кромберг и Шуберт“ денеска беше домаќин на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на работна посета на производствениот погон на компанијата во Битола, лоциран во индустриската зона “Жабени“. Разговорот беше фокусиран на индустриските приоритети, вработувањето, развојот на техничкиот кадар и долгорочната конкурентност на македонската економија.За време на посетата, премиерот Мицкоски се сретна со д-р Жељко Матијевиќ, главен извршен директор на Групацијата Кромберг и Шуберт, Георги Тренкоски и Влатко Цековски, менаџери на фабриката во Битола, како и со членови на менаџерскиот тим на компанијата.

На посетата присуствуваше заменик министерот за економија Марјан Ристески, градоначалникот на Општина Битола, пратениците од Битола Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Пеце Милевски, и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола – Горан Исков.-Посетата беше посветена на она што е суштински важно за иднината на индустријата: стабилни работни места, квалификуван кадар, техничко образование, подобра инфраструктура и посилна конкурентност. Посебен акцент беше ставен на улогата на Битола и Пелагонија како индустриски регион со потенцијал за развој, каде што стабилната инфраструктура, организираниот транспорт, техничкото образование и предвидливата деловна средина се клучни за долгорочна конкурентност, велат од “Кромберг и Шуберт“.-Присуството на компанијата во Битола и Пелагонискиот Регион има клучна улога не само преку отворање илјадници директни работни места туку и преку придонесот кон локалната економија, семејните приходи, транспортот, услужниот сектор, образованието, развојот на кадар и деловната заедница. Компанијата исто така игра значајна улога во зајакнувањето на македонските извозни перформанси. Како дел од глобалната автомобилска индустрија, „Кромберг и Шуберт“ произведува висококвалитетни автомобилски компоненти за извоз и е еден од водечките индустриски извозници во земјата, се вели во денешното соопштение од компанијата. Во текот на разговорите исто така било нагласено дека стабилното работење на фабриката бара континуирани инвестиции во кадарот, знаењето и организацијата, како и блиска соработка со јавните институции. Посебен акцент бил ставен на потребата од развој на висококвалификуван технички кадар, кој ќе може да одговори на променливите барања на современата автомобилска индустрија.Во рамките на посетата делегацијата ги обиколила производствените капацитети. Премиерот Мицкоски имал можност од прва рака да се запознае со производствените процеси на компанијата, оперативните стандарди и важната улога што вработените ја имаат во секојдневното работење на фабриката. Тој исто така директно разговарал со вработени вклучени во производствениот процес.„Кромберг и Шуберт“, нагласуваат од команијата, ја смета посетата за важна можност за директен дијалог меѓу Владата и бизнис-заедницата за прашања од заедничко значење за компанијата, производствената индустрија, работната сила, државата и Пелагонискиот Регион.Компанијата, велат, останува посветена на одржување стабилно производство, поддршка на своите вработени и континуиран придонес кон индустрискиот развој и извозните перформанси на државата.

More from ВестиMore posts in Вести »