На 09.07.2026 во 00:20 часот на ул. „Јосиф Христовски” во Битола полициски службеници од СВР Битола приведоа 35 годишник од Битола поради тоа агресивно се однесувал и постапил спротивно на наредбата од полициските службеници. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.07.2026 во 11:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 61 годишник од Битола, по претходна пријава дека околу 10:00 часот во занаетчиски дуќан во старата битолска чаршија упатувал закани кон вработена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






