Press "Enter" to skip to content

Асфалтирање на три краци од улицата „Даме Груев“ во „Мал Париз“

Се асфалтираат три краци кои се дел од улицата „Даме Груев“ во месноста викана „Мал Париз“ во вкупна должина од 410 метри. Асфалтирањето на коловозот на овие три краци изнесува 5.196.720 денари.

Претходно се работеше мешовита ( фекална и атмосферска ) канализација со приклучоци во вредност од 4.325.218 денари. Исто така и водоводна мрежа со приклучоци со вредност од 1.885.289 денари.

Вкупната сума на оваа реконструкција на трите краци чини 11.407.227 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »