Press "Enter" to skip to content

Над 1.400 гранати и бомби од Првата светска војна пронајдени кај поранешната касарна во Битола

Завчера во 10:38 часот во СВР Битола од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, пријавено било дека на место викано Тумбе кафе (поранешна касарна) во Битола биле пронајдени и безбедно подигнати поголема количина на гранати и бомби.

Како што се наведува во полицискиот билтен, станува збор за 540 парчиња минофрлачки гранати, 371 рачни бомби и 532 тромблонски гранати.

Сите експлозивни направи потекнуваат од периодот на Првата светска војна.

More from ВестиMore posts in Вести »