Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: вевчанец возел со 1.71 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе на „Илинденска“

На 09.07.2026 во 18:28 часот на ул. „Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода  Ѓ.П.(60)  од Вевчани.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „рено” со вевчански регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П., при што констатирано било дека  го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.71 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

More from ВестиMore posts in Вести »