Во Битола во рамките на “Битфест 2026“ премиерно беше прикажан музичко документарниот филм “Софија Кочевска-55 години кариера” која својата музичка кариера ја овековечи со документарен филм, кој нејзиниот придонес во македонската музичка култура и наследството што го остава зад себе.
Автори на филмот се Дејан Младеновиќ и Шенол Мемиш, се снимаше на неколку локации во Битола, а во него, покрај Софија Кочевска, за нејзината кариера зборуваат нејзините долгогодишни соработници – композитори и музичари.
Филмот е посветен на богатото творештво и повеќедецениската музичка дејност на една од најпрепознатливите македонски музички уметници и претставува емотивно патување низ 55 години исполнети со музика, песни, настапи и посветеност, прикажувајќи ја животната и професионалната приказна на Софија Кочевска.
На проекцијата присуствуваа љубители на македонската музика, пријатели, колеги и почитувачи на ликот и делото на Софија Кочевска. Настанот беше дел од Битфест 2026 во режија на истакнатиот документарист Шенол Мемиш. Камера Дејан Младеновиќ.
Премиерата помина во позитивна и емотивна атмосфера, во одредени мигови со смеа, во одредени со по некоја солза.
Филмот за Софија Кочевска е четврт документарен филм на Младеновиќ и Мемиш.

Промовиран музичко документарниот филм “Софија Кочевска-55 години кариера” (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
More from КултураMore posts in Култура »
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- „Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември
- Една сцена, безвременски хитови: „Now We Are Free“, „Barcelona“ и „The Ecstasy of Gold“ во Скопје
- Од светските сцени до полноќните приказни на Битола
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)









