Press "Enter" to skip to content

Со концерт на проф. д-р Илчо Јованов и неговите студенти започна 11. фестивал “Хармониките“ во Битола (фото)

Синоќа во Офицерски дом во Битола започна годинашното издание, 11. по ред, на реномираниот фестивал “Хармониките“, а честа да се претстави на првиот ден, од вкупно три, ја имаше проф. д-р Илчо Јованов кој со своите студенти од Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип одржа спектакуларен концерт, на кој беа исполнети дела од македонски автори. Овогодишниот фестивал е посветен на виртуозите на хармониката, фестивалот “Хармониките“ и се одржува во организација на “Савевски продукција“ и “Непокор“. Уметничкиот директор на фестивалот, Кирил Стојчевски на отворањето на фестивалот рече:-Се заблагодарувам сите кои сте со нас на отворањето на фестивалот, на 11. издание на “Хармониките“, а посебно на професорот и неговите студенти кои не удостоија со орекрасните аражмани. Сака и да ги најавам наредните два вечери кои не очекуваат. На вториот ден ќе настапи Џорџе Кристивојевиќ од Србија кој е светски првак на хармоника за 2025 година, а сите ние ќе уживаме во звуците на најубавите класични и современи композиции за хармоника, како и дел од најубавите изворни и авторски дела од Балканска музика. Фестивалор го затвораме со професорот по право и светски првак Јове Кекеновски, кој ќе го претстави најновиот негов албум заедно со група “Фонтана“.Директорот на фестивалот, Сашко Савевски, во име на Советот на фестивалот, додаде:-Поминаа единаест години од првиот фестивал кој го одржавме многу скромно во пациото на Музејот во Битола, а сега е 11 издаие. Благодарност до сите кои ќе настапат на овој фестивал и за публиката која ќе ги следи настапите, а посебна благодарност сакам да упатам кој проф. д-р Илчо Јованов кој во далечната 198а година е првиот македонец кој победи на престижниот натпревар во Сокобања, Србија и има голема плодна кариера и уметнички раководител на големиот оркестар на македонската радио телевизија. Најгоем дел од ажарманите беа изведени на еден од најубавите брендови на хармоники “BUGARI“, после концертот сите заинтересирани имаат можност да се запознаат со овај прекрасен бренд на хармоники и секако да ги пробаат како звучат.Организаторите на Фестивалот ветуваат прекрасни музички мигови со виртуозите на хармониката.Фестивалот е дел од “Бит фест“, а почетокот на втората фестивалска вечер е во 20 часот.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »