Press "Enter" to skip to content

РЦУК: по големиот дожд поплавени домови, дворови, куќи, главните сообраќајници и улици во Битола

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Битола соопшти дека повеќе куќи, дворови и помошни простории на неколку локации низ градот се поплавени по синоќешното невреме што ја зафати Битола.

Подрачјето на општина Битола беше зафатено од пороен дожд во траење од околу еден час, од 20.40 до 21.40 часот, а преку бројот за итни повици 112, стигнале повеќе пријави за штети.

-На ул. “Прилепска“бр. 55, “Ѓорче Петров“ бр.39, “Партизанска“ бр. 1, “Крсте Нале“ бр. 126, “Коста Абрашевиќ“  бр. 46, “Даме Груев“ кај зградата на АЕК, “Црвена вода“ бр. 4, “Чеде Филиповски – Даме“ и “Мирче Ацев“ бр. 53 А се пријавени штети соопштија од РЦУК.

Сите повици се добиени преку Е-112 и известени се надлежните служби од “ЕЛС Битола“, информираат од ЦУК.

Поплавени беа повеќе улици, како и главните сообраќајници во центарот на градот, сообраќајот беше отежнат.

Во синоќешното невреме кое ја зафати Битола и околината, каде што според УХМР наврнаа 28 литри вода на м2 за многу кратко време.