Press "Enter" to skip to content

Асфалтирање на спортските терени во ОУ „Гоце Делче“

Со забрзана динамика се работи на изградба на спортски игралишта во основните училишта во Битола. Денеска се асфалтира на терените во ОУ „Гоце Делчев“ каде со одговорните за проектот направивме увид.

Вкупната површина под асфалт е 2700 м2, а двата спортски терени ќе бидат со тартан подлога. Се работи за изградба на две повеќенаменски игралишта, едното за мал фудбал и ракомет, а другото за кошарка. Игралиштата ќе бидат оградени, осветлени, опремени со спортски реквизити и урбана опрема.

Вкупната сума на проектот изнесува 14.280.422 денари.

-Денеска извршив увид и на терените во ОУ „Даме Груев“ каде деновиве се асфалтираше, а каде активностите продолжуваат до комплетно уредување на терените и околниот простор“ рече градоначалникот Коњановски.

More from ВестиMore posts in Вести »