Денес, понеделник, 27 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Можност за краткотрајно невреме проследено со силен западен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град. Температурата во Битола до 29 степени.
Утре, вторник, 28 јули, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во Битола до 29 степени.






