Press "Enter" to skip to content

Делегација од Унгарија во посета на Општина Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска прими делегација од Општина Будимпешта дистрикт 18 предводена од градоначалникот Шандор Санисло.

На средбата присуствуваа и претседателот на Советот Бојан Бојкоски, секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, Александар Стефановски соработник за култура и спорт и Цветанка Ристевска раководителка на одделение како и Петер Кoрoш заменик градоначалник на дистриктот 18, Роберт Роњец главен административен службеник и Јанош Сентецки  раководител на одделение.

Градоначалникот Коњановски ги запозна гостите со богатата историја и култура на градот пред се големите фестивали кои се случуваат во Битола, со економските потенцијали како што е индустриската зона „Жабени“ како и потенцијалите во развојот на туризмот.

Односите меѓу двата града, кои траат веќе 26 години, започнаа преку соработката меѓу фолклорните ансамбли на КУД „Илинден“ од Битола и Фондацијата за танцова уметност „Теблаб“ која годинава настапува на фестивалот „Илинденски денови“.

На средбата беше договорена возвратна посета во септември како и договарање на идната соработка меѓу двете општини.

More from ВестиMore posts in Вести »