Press "Enter" to skip to content

Фоторепортажа од дефилето за “Илинденски денови 2026“ низ Широк Сокак во Битола

-Големото дефиле низ Широк Сокак, од “Магнолија“ до Офицерски во Битола за “Илинденски денови“ ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници да се преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации.Традиционалното дефиле кое го најавува фестивалот, ова 2026 лето Господово, “Илинденски денови“ во Битола  започна по 56 пат, точно во 18,30 часот од плоштадот “Магнолија“ во Битола каде беше и збирното место на најголем број на играорни групи, учесници на фестивалот, кои го се славеа светскиот фолклор во Битола.Како и секоја година, така и оваа, дефилето го предводеа играорците на КУД “Илинден“ кој го носеа македонското знаме и сликата на идеологот на Организацијата, Гоце Делчев. По орото кое го заиграа играорците на КУД “Илинден“, до нив беа Русалиите – чуварите со секири на Исус Христос, а го продолжија сите играорни групи кои беа на “Магнолија“.Во Битола ќе има над 1.300 гости од 34 фолклорни групи и ансамбли од Македонија, САД, Венецуела, Порторико, Кина, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција и Шведска и за прв пат од Швајцарија.Сите тие ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена, а и во околните градови и општини.Битола е градот домаќин и организаторот овој фестивал, над половина век, а “Илинденски денови“ е печатот на нашиот идентитет, есто каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла.Дефилето како и секоја година го следеа голем број на битолчани.Тука беа и нашите сограѓани од дијаспората, кои направија илјадници фотографии, селфи и видеа, кои во реално време ги испраќаа кај своите роднини, пријатели, другари.. дома, во странство.

Како изгледаше традиционалното дефиле низ Широк Сокак, ќе се обидеме да ви пренесеме низ фотографиите на Сашо Ристевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »