Press "Enter" to skip to content

Понеделник ќе започне изградбата на паркинг кај Ат-пазар, граѓаните да ги тргнат возилата

Од понеделник 10.08.2026 година ќе започнат градежните активности за изградба на паркинг простор кај „Ат Пазар“ во Битола откако беше извршен вовед во работа, започнаа подготвителните работи.

Со цел непречена работа на терен се замолуваат граѓаните кои живеат таму и го користат просторот каде што ќе се изведуваат градежните работи, своите возила да ги дислоцираат.

Изградбата на овој паркинг е со средства од вториот владин повик преку Министерството за транспорт, а предвидено е коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и сообраќај.