Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен скопјанец, возел “фолксваген“ без возачка

На 06.08.2026 во 10:00 часот на ул. „8 Септември“ во Битола,  полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Ј. (32) од Скопје.

При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.