-Синоќа во Старата чаршија во Битола каде се ширеа мелодичните звуци од изворните македонски песни и други популарни мелодии во изведба на групита “Деспина“ и “Калабалак“ и Наум Петревски на првата вечер од 9. по ред “Фестивалот на староградска музика“.
Старата битолска чаршија од секогаш била местото на еснафите на Битола, градот со голема традиција и богато културно – историско наследство, градот кој со себе носи многу приказни кои се раскажувале, се надградувале и менувале, онака како што градот го менувал својот лик.
Токму таму на местото каде што денес е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, делумно сочуван дух се одржа првата вечер од 9. издание на “Фестивалот на Староградска музика и вино“ за што имаше огромен интерес и беше најпосетено досега.
Битолчани бараа маса повеќе, а намерниците во Чаршијата кои само поминаа да видат како е, останаа до доцна во ноќта и уживаа во чаша добро вино или пиво во одлична староградска музика, но и македонски популарни шлагери.
Дел од нив сега веќе возрасни битолчани, носталгично се вратија во својата младост кога тука излегувале, вљубувале, дружеле… Тие се присетуваа дека еден период поточно во 90-тите години, тука и се случувал културно – забавниот живот на битолчани и тоа не само во лето, туку и преку целата година.
Фестивалот продолжува денес на истото место со КУД “Илинден“ и “Боеми“.

Прва вечер на годинашниот 9. “Фестивал на староградска музика“ во Старата битолска чаршија во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад со тврд предмет, 19 годишник возел мопед без возачка
- Започнува првиот уписен рок на УКЛО – 18, 19, 20 и 21.08.2026 слободни 2.115 места
- Триптих за тукашните воени сеништа
- Во Битола сончево, попладне променливо облачно, температурата до 33 степени
- Изложба “Жив ѕид“ на Никола Крнчев и Раде Најдовски за јубилејот 25 години фрескоживопис (фотогалерија)
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- Концерт на Жељко Самарџиќ во Хераклеја, вечер исполнета со емоции и песни што не стареат (фотогалерија)
- “Лето е“ нова песна на Ангела Илиевска
- Емоции, конфети и илјадници гласови: Јаков Јозиновиќ приреди спектакл на Античкиот театар во Охрид (мега фотогалерија + видео)
- Здравко Чолиќ приреди концерт за паметење, од првиот концерт во кино „Трудбеник“во 1974 година до спектакл под Тумбе кафе во Битола (мега фотогалерија)
- Влатко и Златко Миладиноски со оркестарот ќе одржат голем концерт во античкиот театар Хераклеја во Битола










