-Прекрасна летна вечер и настан “Бела ноќ“ по 14 пат на Широк Сокак во Битола. Од плоштадот “Магнолија“ погледот кон Широк Сокак обоен во сјајот на бела. Голем број Битолчани и гости од регионот облечени во дрес код бело со позитивна енергија се забавуваа до доцна во ноќта.
Македонски артисти и ѕвезди настапија на манифестацијата „Бела ноќ“ – Широк Сокак во бело. Забавата започна си сетот на DJ Chiko, продолжи со Никола Зацески и Алексеј Ивановски.

Запеја и “Паркети“ и Ѓоко Танески со бендот, а за крај битолчани ги слушаа и гледаа Дац и Александар.
Тие со свои настапи на бината на плоштадот „Магнолија“ ги забавуваа присутните од почеток на вечерта на Бела ноќ, изведувајќи песни од македонската музичка сцена, свои и од други изведувачи.
Добра забава, расположение, позитивни чувства се будат како асоцијација за „Бела ноќ“ во Битола која традиционално се одржува веќе 14 години. Атмосферата од Широк Сокак може само да ја опишат оние кои се забавуваа на Бела ноќ.
Организаторите за овогодинешното издание на „Широк Сокак во бело“ изјавија:
-„Бела ноќ“ во сјајот на белата боја. Повторно Битола ја славеше македонската музика. Плоштадот “Магнолија“ повторно беше локацијата и центар на забава каде и оваа година ја продолжуваме традицијата на „Широк Сокак во бело“ во Битола со концепт на забава со добра македонска музика и македонски изведувачи, а дел од нив од Битола.
Фото: Дамијана Ристевска – Сашо Ристевски
Линк за мега фотогалерија:
https://www.facebook.com/photo/?fbid=1690866079418878&set=pcb.1690868436085309











