Press "Enter" to skip to content

Пелистер пред стартот на сезоната поразен од Подградец

Подградец – Пелистер 4:2 (1:1)

Екипата на Пелистер од Битола со пораз го заврши циклусот на контролни натпревари пред стартот на новата сезона, откако беше совладан на гостувањето од албанскиот Поградец со 4:2.

Битолчани одиграа израмнето прво полувреме и на паузата се замина со резултат 1:1.  Во продолжението беа постигнати уште четири гола, а Поградец успеа да ја искористи својата ефикасност и да стигне до победата.

Пелистер во новата сезона ќе игра во Втората лига.