Press "Enter" to skip to content

Асфалтиран пристапнио пат до манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски деновиве изврши увид во завршените работи за асфалтирање на пристапниот пат кај манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци.

-Со реализацијата на овој проект добивме многу повеќе од нов асфалтен пат. Го поврзавме манастирот со постојната спортско-рекреативна патека, создавајќи една современа, функционална и безбедна целина за пешачење, рекреација и непречено движење на сите граѓани, рекреативци, верници и посетители од Новаци до манастирот Рождество на Пресвета Богородица, вели Стевановски и додава:-Продолжуваме домаќински да инвестираме во патната инфраструктура, но и во проекти кои го подобруваат квалитетот на живот, ја разубавуваат нашата општина и создаваат нови содржини за сите генерации.

Претходно со повеќе од 2.000 метри квадратни беше поплочено и платото пред манастирот.

More from ВестиMore posts in Вести »