Денес, вторник, 11 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 36 степени.
Утре, среда, 12 август, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 36 степени.






