Денес, среда, 12 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 36 степени.
Утре, четврток, 13 август, во Битола времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди со услови за нестабилност. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Температурата во Битола до 33 степени.






