Press "Enter" to skip to content

Уапсени тројца битолчани, со оружје затекнати во строго заштитена зона на Пелистер

На 13.08.2026 во 03.00 часот на место викано „Голема  грива“ во Национален парк „Пелистер“, полициски службеници од Полициското одделение Велушина и од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишија од слобода Н.С.(33) од Битола, Р.Ј.(53) од с.Кишава, битолско и Б.Г.(48) од Битола.

Тие биле затекнати со огнено оружје во строго заштитена зона, при што лишени се од слобода, одземено им е оружјето и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »