Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево, попладне променливо облачно, температурата до 33 степени

Денес, четврток, 13 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево до променливо облачно. Попладне можност за нестабилност. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 33 степени.

Утре, петок, 14 август, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со пороен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Температурата во Битола до 30 степени.