Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги отвора вратите за новата генерација бруцоши. На прв циклус, додипломски студии слободни се вкупно 2.115 места, од кои 1.074 во државна квота, 612 за кофинансирање и 429 за вонредни студии.
Според Конкурсот првиот уписен рок започнува со пријавување на кандидатите, идната недела во деновите: 18, 19, 20 и 21.08.2026 година.
Конкурсот и сите информации за уписите се достапни на официјалната веб-страница на УКЛО https://uklo.edu.mk/blog/upisi-2026-27/ и веб страниците на факултетите и Високата школа.
Технички факултет – Битола 370
Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола 250
Технолошко-технички факултет – Велес 112
Економски факултет – Прилеп 202
Факултет за туризам и угостителство – Охрид 261
Педагошки факултет – Битола 245
Факултет за безбедност – Скопје 225
Правен факултет – Кичево 150
Факултет за биотехнички науки – Битола 95
Ветеринарен факултет – Битола 25
Висока медицинска школа – Битола 180
Од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола потсетуваат дека со изборот на УКЛО, студентите стануваат дел од академската заедница од повеќе од 4.000 студенти – обединети со повеќе од 120.000 студенти, преку членството во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.
УКЛО нуди квалитетна настава, практични искуства, можности за мобилност и меѓународна соработка, како и учество во активности и програми во рамки на КОЛОРС алијансата https://uklo.edu.mk/colours/.






