На 13.08.2026 во 23:50 часот на ул.„Довлеџик” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.А. (49) од Битола затоа што во казино во комплекс „Нов Пазар“ физички го нападнал Е.Д. (34) од село Наколец, ресенско, кој бил обезбедување во објектот. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.08.2026 во 22:18 часот во СВР Битола, З.М. (46) од с.Горно Агларци, општина Новаци, пријавил дека на патот од село Горно Агларци кон село Добромири, општина Новаци, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 13.08.2026 во 21:30 часот во СВР Битола, 38-годишна битолчанка пријавила дека во Битола, едно лице полово ја вознемирувало и се соблекувал пред неа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






