Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведено лице за возење под алкохол, сообраќајка со тешки повреди, четири лица приведени за марихуана,

На 16.08.2026 во 00,29 часот на ул. „Климент Охридски“ во Битола, полициски службеници при контрола на патниот сообраќај сопреле патничко моторно возило “хонда” со кичевски регистарски ознаки управувано од  Г.А.(35) од Кичево. При контролата било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол односно му биле измерени 1,97 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.08.2026 во 17.09 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп кај место викано “Петилеп” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘бмв” со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(46) од Белград и патничко возило “опел” со битолски регистарски ознаки управувано од З.М.(48) од с. Свето Тодори, Општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С. и неговите сопатници К.С.(46) и 15 годишен маллетник двајцата од Белград, констатирани во Клиничка болница Битола. Додека пак, другиот возач и неговиот сопарник М.В.(31) од Битола се здобиле со телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола.

На 15.08.2026 во 22.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода С.Р.(28), Џ.М.(24), Т.В.(27) сите од Битола и М.С.(21) од Кичево затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодвет поднесок.