Press "Enter" to skip to content

ЕБР одбележува 25 години од формирањето, во Битола показна вежба, ќе се слушаат посилни детинации, ќе има надлетување од хеликоптер

Битола ќе биде домаќин на одбележувањето на 25 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), а вежбовни активности ќе има на 19 и 20 август 2026 година, со почеток од 16:00 часот на платото на Офицерскиот дом – Битола, каде граѓаните ќе имаат можност да проследат дел од професионалноста, подготвеноста и вештините на припадниците на ЕБР.

Централниот настан е на 22 август 2026 година со почеток од 18:00 часот на платото на Офицерскиот дом – Битола, каде ќе се реализира показна вежба на Единицата за брзо распоредување и каде граѓаните ќе можат одблиску да ја видат нивната обученост, тактичка подготвеност и професионално делување.

СВР Битола ја известува јавноста дека во наредните денови, припадници на Единицата за брзо распоредување ќе реализираат тактичко-показна вежба. Во рамки на вежбата можно е да се слушаат посилни звуци и детонации, кои се дел од планираните активности. Активностите ќе се реализираат согласно однапред утврден план и во услови на контролиран простор. Ќе има и надлетување од хеликоптер.