Фудбалскиот клуб Пелистер ги информира јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот од 2. коло против екипата на Брера ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци.
Поради активностите за обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, а во консултација со ЈП „Комуналец“ – Битола и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесена е одлука натпреварот да се одигра во Кавадарци.
ФК Пелистер им се заблагодарува на сите инволвирани страни за разбирањето и соработката, со цел обезбедување на најдобри услови за одигрување на натпреварот.
Влезот за сите посетители ќе биде СЛОБОДЕН.






