Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: граната од Прва светска војна пронајдена во рудник “Суводол“

На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското одделение Новаци, Љ.М. (50) од с. Логоварди, раководител на обезбедување во РЕК Битола, пријавил дека во рудник „Суводол“ била пронајдена граната.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 125 мм која потекнува од Првата светска војна.

More from ВестиMore posts in Вести »