Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за нарушување на ред и мир и за возење под алкохол

На 19.08.2026 во 00:10 часот на ул.„Дебарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода С.Д. (22) и Л.Д. (19), двајцата од Битола, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.    
 
На 18.08.2026 во 15:39 часот на ул. „Македонска фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода  Ј.Н. (48)  од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.Н., при што било констатирано било дека го управувал  под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,23 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува   соодветна пријава.
More from ВестиMore posts in Вести »