Press "Enter" to skip to content

Андреј Гинов, директор на “Водовод“ Битола: се полнат резервоарите водоснабдителниот систем постепено се враќа во нормален режим на работа

-По отстранувањето на дефектот, водоснабдителниот систем постепено се враќа во нормален режим на работа. Во моментов резервоарите постепено се полнат и системот контролирано се стабилизира, со цел да не дојде до нагли промени на притисокот и појава на хидрауличен удар во водоснабдителната мрежа, вели директорот на ЈКП “Водовод“, Андреј Гинов и додава:

-Поради тоа, во одредени, особено повисоки делови од градот, притисокот може сè уште да биде намален. Со постепеното достигнување на потребното ниво во резервоарите, притисокот ќе се стабилизира и ќе се врати на вообичаените вредности.

Екипите на ЈКП „Водовод“ – Битола се постојано на терен и континуирано ја следат состојбата на водоснабдителниот систем.

More from ВестиMore posts in Вести »