Денес, среда, 26 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне можност за нестабилност. Температурата до 31 степен.
Утре, четврток, 27 август, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 33 степени.






