Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец “фатен“ во Прилеп – возел со 2,17 промили алкохол во крвта, друг возел без возачка, двајцата приведени

На 26.08.2026 во 18:17 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Александар Македонски” во Прилеп го лишија од слобода  К.В. (60) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од  К.В., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на  алкохол, односно измерени му биле 2,17 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.08.2026 во 15:00 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Филип Втори Македонски” во Битола го лишија од слобода И.Ј. (34) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, при што било констатирано дека И.Ј. го управувал без да поседува возачка дозвола.По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.