
-Пред 10 години на Ши рок Сокак во Битола свечено беше отворен новиот Почесен конзулат на Руската Федерација во Република Македонија, сместен во новите простории во строгиот центар на Битола, на плоштадот “Магнолија“, а познатиот биснисмен и спортски работник, Сергеј Самсоненко беше назаначен за почесен конзул на Руската федерација во Македонија, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
На свеченоста прис уствуваа голем број дипломати, истакнати личности од јавниот живот во Македонија и регионот, амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак истакна дека почесните конзули имаат важна улога во развојот на трговските, економските, културните и други врски меѓу државите.
Почесниот конзул на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Самсоненко од први септември 2016 година, имаше надлежност на конзулски округ кој ги вклучува териториите на општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила, Кривогаштани и Новаци.
-Рускиот и македонскиот народ се многу блиски. Блискисме по верска основа, а блиски сме и по генетска основа. Такабеше, така е и така ќе биде секогаш- истакна почесниот конзул на Руската Федерација во Ма кедонија, Сергеј Самсоненко кој оваа функција ја вршеше на предлог на руското Министерство за надворешни работи и со согласност на Владата на Република Македонија.
Новите простории на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола ги освети поглаварот на МПЦ ОА, Господин Господин Стефан, а во конзулатот имаше музејско-изложбен простор на руски сувенири како и инфо-деск за сите потреби на руските граѓани во Македонија, но и за потребите на македонските граѓани кои са каат да патуваат во Русија.
По повод свеченото отворање на Почесниот руски конзулат, на плоштадот “Магнолија“ целовечерен концерт приредија македонските музички ѕвездиЕлена Ристеска и Викторија Лоба.











