Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Работнички како домаќин во Новаци

Пелистер – Работнички 2:0

Екипата на Пелистер од Битола освои важни бодови и на теренот во Новаци каде славеше над Работнички со резултат 2:0, полувреме , во дербито на некогашните прволигаши, сега во рамки на Втората македонска фудбалска лига.

Головите за тимот на Пелистер ги постигнаа Симеон Христов и Мартин Мирчевски, а двата погодока во мрежата на “романтичарите“ беа постигнати во првото полувреме.

Со победата над Работнички фудбалерите на Пелистер се вратија во горниот дел на табелата во второлигашкото друштво. Лидер на табелата по четири кола е Брера Струмица со 10 бода, ја следи ГФК Охрид со девет бода и меч помалку, додека Беласица и Пелистер имаат по осум освоени бода.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »