20-тото Меѓународно биенале на театарски плакат – Жешов од Полска 2026, e еден од најугледните европски настани посветени на уметноста на современиот театарски плакат во светот. Биеналето претставува составен дел од 64-тите Театарски средби во Жешов – Фестивал на театарски ремек-дела и ја продолжува долгогодишната традиција на славење на извонредноста во визуелната комуникација за изведувачките уметности.
Конкурсот има за цел да ги претстави и оцени плакатите создадени за промоција на театарски продукции, оперски изведби и културни настани поврзани со театарот. Со тоа што ги обединува уметниците, дизајнерите и институциите од целиот свет. Биеналето служи како меѓународна платформа за уметничка размена и ја истакнува разновидноста на визуелните јазици што се користат во промоцијата на современиот театар.
На оваа значајна и исклучително ценета манифестација во светски рамки се селектирани 100 плакатски дела на автори од целиот свет.
Ликовниот уметник, графичар и сценограф Владо Ѓорески е претставен со три дела уметнички плакати, и е влезен во потесниот избор за најзначајни дела од 20-тото Меѓународно биенале.

Покрај тоа тој со овој негов настап е вклучен во светската организација на творци за театарски уметнички плакати заедно со неговиот пообемен творечки ангажман и опус .
Ова е исклучителен успех и на македонската театарска визуелна продукција и уметност бидеји учеството на Ѓорески е единствено селектирано од Македонија и пошироко од Балканот.
Значајно е да се истакне дека во селекцијата на избраните дела се плакатите за претставите: „Ученикот“, според делото на германскиот автор Mариус фон Маербург, а во режија и драматургија на неодамна починатиот извонреден режисер Кирил Петрески а во изведба на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ 2025 година; плакатот за претставата – „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски, која требаше да се постави во изведба на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ исто така во режија на Кирил Петрески како и плакатот за сценскиот приказ „Морекази“ според текст на нобеловецот Сен-Џон Перс,









