Press "Enter" to skip to content

“Каранфилова арт студио“ со интернационална младинска ликовна изложба во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)

Во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола вечерва беше отворена изложбата која потекна по младинскиот интернационален ликовен конкурс на “Каранфилова арт студио“ од Битола.На изложбата се изложени 511 дело од 524 ликовни творци на возраст од 4 до 21 години од 10 земи ширум светот.-“Каранфилова арт студио“ годинава за прв пат го објави истоимениот интернационален младински ликовен конкурс и изложба. Создадени од млади раще со искрени мисли, приститнаа дела кои го оставија жирито без зборови. Македониза, Бугарија, Хонг Конг, Индија, Индонезиза, Латвија, Литванија, Молдавија, Полска и Словачка. Сите ги претставија своите држави на свој уникатен начин, но на еден јазик разбирлив за цел свет: уметноста. Со задоволство ги споделуваме нивните креации, а веруваме дека тоа ќе стане и традиција на нашето студио, рече на отворањето на изложбата Ангела Каранфилова. -Различни јазици, култури и традиции обединети во една заедничка моќна енергија реализирана во детска и младешка креативност. Изложените дела претставуваат прозорец кон светот, низ кого се проектираат и се слават детската фантазија, слободата на изразувањето, лубопитноста, радоста и искреноста на творечкиот дух виден низ призмата на детските очи и детскиот светоглед. Секако, значајни сегменти во заокружувањето на извонредните ликовни креации свое клучно влијание имаат наблиските во семејствата на младите творци и особено, нивните ментори, ликовни педагози кои несебично ги поддржуваат и унапредуваат младите таленти во светот на уметноста, рече д-р Драган Ристевски, галерист.Различноста и разновидноста за прави првата Меѓународна детска ликовна изложба вистински уметнички мегдан на разбирање и поврзување на младите таленти. Овој ликовен настан, воедно претставува своевидно богатство на различни ликовни изрази и техники како цртеж, акварел, графика, гваж, пастел, темпера и други ликовни техники.Ангажманот и големиот ентујазам на академската сликарка Ангела Каранфилова во организирањето на овој значаен меѓународен настан за Битола има особена важност, а на организаторите да им посакаме уште многу вакви изложби каде детското творештво ќе биде мост на идни пријателства и разбирања.

Жанета Ристевска

Линк за фотогалерија:

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1710448620793957&set=pcb.1710448974127255

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »