Денес, на празникот Воздвижение на Светиот и Чесен Крст, над селото Паралово, во непосредна близина на манастирот “Свети Великомаченик Георгиј“ беше осветен крстот. На осветувањето присуствуваа голем број верници и на тој начин овој чин беше уште еден собир и уште едно велелепие во името на Христа…
-На Крстовден, пред светиот крст кај манастирот Св. Ѓорѓи во Паралово, со вера, гордост и благодарност ја чуваме нашата духовна сила и вековна традиција. Нека крстот биде нашата сила, верата нашата светлина, а Божјиот благослов во секој дом, рече градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.
Крстот е направен од страна на Трајче Угревски со помош на компаниите “Топ Стил“ и “БВ Инжињеринг“ од Битола.
До него, членовите на црковниот одбор при храмот “Успение на Пресвета Богородица“ од село Паралово, на домаќинот на манастирот “Свети В.мч. Георгиј“ од село Паралово – Драги Најдовски и кон сите други донатори и помагачи на ова и ваквите дела беше упатена благодарност.

Осветен големиот крст кај црквата “Св. Ѓоргија“ во Паралово (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- СВР Битола: битолчанец возел со 1,62 промили алкохол во крвта, групна тепачка – двајца повредени
- Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст





