Press "Enter" to skip to content

Општина Новаци: платена школарината на сите бруцоши за прва година од Општина Новаци

И оваа година, како и во изминатите години, Општина Новаци ќе им ја плати школарината на сите студенти од Општина Новаци од прва година, запишани на државните универзитети, прв циклус на студии.

-Со оваа мерка продолжуваме да вложуваме во младите, образованието и иднината на нашата општина. Заедно вложуваме во знаење. Заедно градиме иднина!, порача граадоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

Потребни документи: потврда од факултет за редовен студент, копија од лична карта, трансакциска сметка,  а документација се поднесува во Општина Новаци.